Категории

Вкусна салата по принципите на кето исхраната (РЕЦЕПТ)

Ако сте љубител на лесната храна без јаглени хидрати, или пак ако сте на кето диета, овој оброк е идеален за вас.


Кетогената или кето диета е посебен начин на исхрана кој подразбира драстично низок внес на јаглени хидрати и зголемен внес на масти и протеини.
Салатата со пилешко, јајца и сирење изобилува со протеини и содржи минимална количина јаглени хидрати, па затоа е идеален оброк за сите кои сакаат да се хранат по принципите на кето диетата.

Потребни состојки:
1 помало парче стек
половина авокадо
1 јајце
1 домат
1 зелена салата
1 парче козјо сирење
малку лук
масло
сол
оцет
бибер

Начин на подготовка:
Сварете едно јајде. Стекот испечете го или сварете го. Измијте ги потребните намирници, па исечкајте ги на мали парчиња. Стекот исецкајте го на коцки.
Излупете го јајцето и додадете го во салатата. Исецкајте малку лук (по вкус). Сите состојки соединете ги. Зачинете со масло, сол и бибер. На крајот додадете козјо сирење.

Прегледи:
952
Објавено на:
26.06.2019