Категории

Вкусна торта со јагоди: Се приготвува брзо и едноставно!

Јагодите во оваа сезона ги има доволно за да искористите да направите убава торта од јагоди која е готова за помалку од еден час. Постапката не е комплицирана, а на крај се става во фрижидер.

Состојки:

Основа:

  • 4 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 180 гр брашно
  • лажичка прашок за пециво

Фил:

  • 500 гр крем сир
  • 2 жолчки
  • лимон
  • 150 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 6 листови бел желатин
  • 2 дл сладок крем
  • 500 гр јагоди
  • шеќер во прав

Постапка:

Чекор 1: Изматете ги жолчките со две лажици топла вода и половина количина од потребниот шеќер, додека не добиете пена. Белките и останатиот шеќер измешајте ги со жолчките. Со масло премачкате го калапот и печете на 200°Ц, 25 минути.

Чекор 2: Оставете да се олади и бисквитот пресечете го на две кори. Жолчките и шеќерот помешајте ги со желатинот. Откако ќе се олади кремата додадете го слаткиот крем.

Чекор 3: Шеќерот, сирењето и лимоновиот сок измешајте ги па потоа соединете ги со смесата од жолчки и сладоккрем. На дното од калапот ставете го едниот дел од бисквитот, намачкајте малку крем, рамномерно во круг наместете и ставете половинки од јагодите, па на нив ставете го останатиот фил. Поклопете ја тортата со другата кора и ставете ја во фрижидер додека не се стврдне. Пред послужување тргнете го обрачот и врз тортата истурете шеќер во прав.

Прегледи:
1404
Објавено на:
21.04.2018