Категории

Вкусни колачиња со овес и морков

Неочекувано добра комбинација за вкусни колачи, овес и морков, ќе ве засладат и во истовреме ќе ве наполнат со хранливи состојки, што во ова време на настинки е добредојдено. 

Слатките, богати и кремасти банани се одличен извор на растителни влакна, минерали и витамини. Покрај бананите тука се и морковите кој што исто така се богати со витамин А и бета-каротен. Овој портокалов зеленчук, исто така, е исполнет со голем број на други антиоксиданси и хранливи материи кои се и тоа како добредојдени како екстра хранливост за вашиот организам.

14915082_10207504999090962_828074876_n

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

▪ 2 големи банани

▪ 2 чаши овес

▪ ½  чаша ситно рендан морков

▪ 3 лажици сушена брусница

▪ 3 лажици сецкани ореви

▪ 2 лажици кокос

▪ ½ лажичка мелен цимет

▪ ¼ лажичка екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА:

  1. Во голем сад се пасира бананите, се додава овесот па ситно ренданиот морков, сувата брусница, оревите, кокосот , мелениот цимет, ванилата и се мешаат се додека смесата не стане хомогена.
  2. Колачињата се формираат по ваш избор и се печат на масна хартија на 280 ˚ околу 20-30 минути се до добивање на светло кафена боја.