Категории

Владата донесе нови мерки за ограничување на движење за првомајските празници

Владата донесе нова одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19.

Прегледи:
596
Објавено на:
28.04.2020