Категории

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО НА АНТИЧКИ ВО ОХРИД

По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз.

На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ  и младиот талентиран тапанар Јан Стефановски ќе одржат целовечерен концерт. Покрај добро познатите композиции на Стефановски публиката ќе има ексклузивна можност да го слушне материјалот од најновиот албум „Тафталиџе Шафл„ кој Влатко го издаде минатата година.

Инаку албумот „Тафталиџе Шафл„, издаден за Кроација Рекордс на ЦД и винил, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска.

  • „Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика и многу сум задоволен од резултатот. Се радувам дека повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства и да уживаме!„ – вели Влатко Стефановски во пресрет на охридскиот концерт.

Концертот е во организација на Баги Комуникации и од таму најавуваат дека истиот ќе биде организиран според важечките протоколи за заштита од Ковид 19 и целосно безбеден за публиката.

Концертот е поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје.

Билетите се во ограничен број и може да се набават по цена од 1000 денари онлајн преку www.bileti.mk.

Прегледи:
573
Категории:
Музика · Настани
Објавено на:
20.07.2021