Категории

Влезете и бидете проколнати: Како се забавувале парижаните во темните клубови на убавата ера?

Времето кое се нарекува “La Belle Epoque“ (1871-1914) било едно од најсветлите периоди во историјата на Париз. Во овој период почна изградбата на Ајфеловата кула и базиликата Sacré-Cœur. Француската фраза “belle époque” (убавата ера) почна да се користи после Првата светска војна, како носталгичен термин за едноставен, стилизиран, оптимистичен период.

Европскиот град на романсата и светлината кон крајот на 18 век ја прославуваше темната страна на забавата и страста. Клубовите кои се потсмеваа на симболите на смртта, им беа омилени места на боемите, уметниците и хедонистите. Епицентарот на темната забава бил Монмартр, уметничката област во северниот дел на Париз, каде што се наоѓал познатиот Cabaret du Néant (кабаре на ништожноста), кој тогаш бил еден од најпознатите кабареа во Париз.

Во “Cabaret de l’Enfer“, или кабарето на пеколот, се влегувало низ устата на демонот, додека домаќините би извикувале: “Влезете и бидеде проколнати”. Келнерите облечени во ѓаволи на жедната публика и носеле коњак, понекогаш во комбинација со кафе кое свети во мракот.

До пеколното кабарето се наоѓало Cabaret du Ciel, што го нарекувале: кабарето на рајот, кое било спротивност на Cabaret de l’Enfer. Покрај пејачите кои ја забавувале публиката, понекогаш доаѓале и илузионисти, кои со помош на светлината и огледалата создавале шоу.

“Belle Epoque“, ерата на уметноста, забавата и боемскиот живот го прослави и Мулен Руж, каде се одело на палави забави. Главните ѕвезди биле забавувачките кои, во ригидното граѓанско општество, живееле слободно и танцувале кан кан.

Култниот Мулен Руж, кој името му ја должи на надградената црвена мелница на покривот, сé уште постои и работи денес, но скандалите и палавите забави исчезнаа во минатото, како и големиот дел на озлогласените кабареа.

Прегледи:
442
Објавено на:
23.11.2018