Категории

Внесете ги овие зачини и растенија во домот: Ќе ја истераат сиромаштијата и несреќата!

Многубројните зачини и растенија што ги користиме и кои можеби ги имате во вашата кујна, имаат и поинаква намена отколку само да и дадат подобар вкус на храната. Дознаваме кои зачини, за што се добри.

Босилек за богатство и просперитет

Ако не сте при пари, пробајте со малку босилек. Се разбира, конзумирањето на босилек нема да ве збогати, но може да ви помогне да размислите што навистина е „богатство“ за вас. Обидете се да го консумирате за време на утринската ужинка за продуктивен остаток од денот.

 Ружи за љубов и пријателство

Знаете дека ружите се симбол на љубовта и пријателството, па зошто да не ги користите за подобрување на односите со луѓето околу вас? Тие ќе направат чудо за романтиката, љубовта, пријателството и семејните односи. Тие исто така може да се користат како зачин во храната, а исто така можете да направите пилинг или тонер за телото.


Рузмарин за исцелување

Ако сте емотивно повредени, рузмаринот ќе помогне да се смирите и да ги отстраните невидливите рани. Се верува дека ги смирува вашите тековни чувства, но исто така и дека ќе помогне да станете емоционално посилни.

Лук за заштита

Лукот ги елиминира сите видови непријатности. Тој има многу здравствени придобивки, но исто така е поврзан со одбраната од лошите работи, така што вашиот дом ќе биде духовно заштитен.

Мајчина душица за знаење

Според верувањата, мајчината душица е поврзана со знаење и разбирање. Ако ја користите, може да ви помогне подобро да разберете некои односи и врски во вашиот живот.

Каранфил за привлечност

Ова не е само сексуална привлечност. Каранфилот ќе ви помогне да разберете што навистина ви треба и како да стигнете таму. Освен како зачин за јадење, можете да го додадете во бањата.

Нане за јасно размислување

Ако поминувате низ тежок период во кој ќе треба да се направат некои важни животни одлуки, обидете се да седнете на маса со една чаша чај од нане и да ги прочистите вашите мисли. Како дополнителен бонус, има неколку здравствени придобивки.


Лаванда за убавина

Понекогаш, светот изгледа како грдо место и мора повторно да најдеме нов живот. Лавандата е благотворно цвеќе кое може да помогне да се опуштите и да го видите светот со различни очи. Таа, исто така може да помогне да ја најдете удобноста во себе. Користете производи за бања, базирани на лаванда.

Жалфија за чистење

Жалфијата во различни култури се смета како добра за чистење на куќата од негативноста или влијанието на штетните мисли.


Цимет за среќа

Ако сте во потрага по малку среќа, додадете цимет во чашата чај или омилениот десерт. Како босилекот, поврзувајќи го со благосостојба, се верува дека ја стимулира интуицијата која може да ви помогне во вашиот живот да внесете среќа и да ги избегнете лошите работи.

Прегледи:
654
Објавено на:
12.04.2018