Категории

Внимателно: Оваа храна создава зависност, како алкохолот и лековите

Овој вид на храна предизвикува силно задоволство и колку повеќе ја јадеме имаме уште поголема желба за неа. Таа поттикнува создавање на хемикалии во телото кои го подобруваат расположението.

Ова е храната која предизвикува зависност:

Чоколадо

Чоколадото е една од намирниците кои предизвикуваат најмногу зависност. Тоа го стимулира истиот центар за уживање во мозокот како и алкохолот и одредени лекови, покажала една студија спроведена во 2011. година.

Овен тоа, топењето на чоколадото во устата создава толку убаво чувство поради што се стимулира зголемено производство на окситоцин, хормонот кој го подобрува расположението.

 

Сирење

Сирењето содржи високо количество на маснотии  холестерол, а ја содржи и супстанцата казоморфин која се поврзува со опоидните рецептори во мозокот и создава чувство на пријатност.

 

Едноставни јаглехидрати

Пример за зависност од едноставни јаглехидрати е грицкањето чипс, переци и други грисини. Во овие намирници нема потенцијални соединувања кои се врзуваат со рецепторите во мозкот и создаваат еуфорија, кои се стимулативни и создаваат зависност. Но, постои нешто друго.

Едноставните јаглехидрати се сметаат за заразни затоа што предизвикуваат брзо ослободување на глукоза, а тоа бргу го зголемува нивото на енергија кај човекот.

 

Слатки напитоци

Станува збор за газираните сокови кои пружаат многу малку хранливи состојки, но знаат да содржат многу шеќер. Како и многу слатки, и газираните напитоци можат да го попттикнат ослободувањето на допаминот, а ако на тоа му додадете кофеин, доаѓа д двојно зголемување на енергијата.

 

Пржени компири

Тие се најчесто крцкави, топли и солени, а тоа е тројна опасност која му сигнализира на мозкот и јазикот дека сакате уште. Масноста во пржените компири ги поттикнува рецепторите во нашиот мозок и црева кои пак, ја зголемуваат желбата да се изеде што повеќе.

Сладолед

Желбата за сладолед може да биде ненаситна, а се поради шеќерот и крем структурата која создава пријатно чувство на јазикот.

Пица

Без обзир каква е, пицата е на врвот намирници кои создаваат зависност. Затоа, колку повеќе ја јадете, се почесто размислувате дека сакате да ја вкусите повторно. Причината за тоа е наглото покачување па паѓање на шеќерот во крвта поради што повторно чувствувате глад.