Категории

ВНИМАВАЈТЕ кога купувате: Што значат белите линии на пилешкото месо?

Дали сте ги забележале белите ленти кои сѐ почесто се појавуваат на пилешкото месо?

Сѐ повеќе експерти предупредуваат на оваа појава, која, всушност, е нарушување на тонусот на мускулите на живината. Имено, резултатите на една студија објавени во италијанско научно списание покажуваат дека во современото пилешко уделот на масти е зголемен за 224 отсто, додека уделот на протеини е значително намален. Сето тоа го дознале врз основа на сѐ позачестените бели ленти на пилешкото.

Сигурно е дека и вие сте имале можност да ги видите тие ленти, но прашање е дали сте обрнале внимание на нив. А експертите предупредуваат дека тие летни последните години ги има сѐ повеќе и повеќе. Колку има повеќе такви ленти, толку месото е понеквалитетно (слика Ц). Поточно, тестирани се 285 птици и на 96 од нив се пронајдени такви ленти. Тие го намалуваат квалитетот на месото и тоа, воопшто, не е добра вест, со оглед на тоа дека повеќето луѓе на планетата најчесто консумираат токму пилешко.

За што, всушност, се работи? За заштеда при производство бидејќи производителите даваат сѐ од себе за да добијат што поголемо пиле за што пократок период. Така, ако во педесеттите години од минатиот век просечна кокошка тежела околу 1,3 килограми и била стара 70 дена, денеска пилешкото кое го купуваме е старо околу 47 дена, а тежи 3 килограми.

Сепак, и покрај сѐ, нутриционистите посочуваат дека пилешкото сѐ уште е најдобар избор кога е во прашање месото.

– Сѐ додека не го похувате и не го комбинирате со јагленохидрати, пилешкото е најдобар извор на протеини, витамин Б, железо и витамин Б12 – советуваат нутриционистите.

Прегледи:
320
Објавено на:
03.02.2017