Категории

Внимавајте на овие нешта кога сте во потрага по нова љубов

Не е толку тешко колку што ви изгледа, можеби едноставно правите некои грешки за кои не сте свесни

Сфаќање на влијанието на досегашните партнери врз вашите љубовни навики
Направете свое стебло на врските. Ги воочувате ли некои навики? Дали секогаш сте биле недостапни или претерано наклонети и љубезни кон партнерите? Можеби сеуште изгегувате со погрешни луѓе. Во секој случај, кога ќе сфатите со какви партнери сте биле досега, време е да го промените вкусот затоа што очигледно тоа не функционира. Најважно е да знаете дека плус и плус се привлекуваат кога е во прашање љубовта. Ако сте тешки во искажување на своите емоции ќе привлечето таков партнер, ако сте емоционално недостапни, ќе привлекувате такви партнери. Едноставно кажано, станете личност каква што сакате покрај себеси.

Проверете дали вашата последна врска е навистина завршена
Ако немате јасни краеви на вашите претходни врски тогаш ризикувате повторување на истите грешки. Можеби не знаете како на убав начин да ставите крај? Се обидувате да останете пријатели по секоја цена? Опседнати сте со одмазда? Сакате да му покажите колку навистина вредите? За да можете комплетно да се опоравите од процесот на тагување, барем шест месеци немојте да бидете пријатели со бившите партнери.

Променете го начинот на кој барате љубов
Постојат два основи типа. Оние кои имаат премалку врски, и имале вкупно можеби три партнери и се му препуштаат на судбината, и само што почнале да сфаќаат дека всушност судбината не работи во нивна корист. И втори се оние кои претеруваат. Тоа се тие кои постојано се во некаква врска, или повеќе одеднаш, кога не си даваат можност да научат нешто ново. Ако спаѓате во првата група треба да превземете контрола. Излезете надвор и заведувајте, кокетирајте, придружете се во групи, прашувајте пријатели да ве запознаат со нивни пријатели. Но ако претерувате, треба да знаете каде да застанете и да размислите за тоа што било погрешно. Преиспитајте се себеси за тоа што конкретно барате.

Смалете ги предрасудите
Не е потребно толку да анализирате. После состанокот немојте да донесувате никакви одлуки, присетете се како е кога гледате некојј филм. Некои детали се досадни, некои интересни, но на крајот филмот го остава конечниот дојам. Почекајте барем некое време и преиспитајте некои ситници и детали, подобро запознајте ја личноста пред да пресудите дека таа не е за вас, може да е токму спротивното.

Прегледи:
389
Објавено на:
13.11.2019