Категории

Во Дубаи е отворен највисокиот хотел во светот

Дубаи, кој посотојано руши рекорди во градбите, сега го доби највисокиот хотел во светот. Хотелот „Гевора“ е висок 356 метри, има 75 ката, а од 12 февруари ќе започне да прима и гости.

Opening Soon #Gevora #gevorahotel #openingsoon #dubai #Bentley

A post shared by Gevora Hotel (@gevorahotel) on

Хотелот се наоѓа на големата авенија на Шеикот Зајед, во близина на Меѓународниот финансиски центар на Дубаи, и е за само еден метар повисок од досега највисокиот хотел, кој се наоѓа на истата улица.

Gevora Hotel

A post shared by Gevora Hotel (@gevorahotel) on

Хотелот е во златна боја, со пет ресторани во кои се нуди интернационална и локална кујна, базен, џакузи, луксузен спа-центар на 71-виот кат и сали за вежбање.

Pool days are about to get so much better!

A post shared by Gevora Hotel (@gevorahotel) on

Во хотелот има 528 соби, од кои 232 се луксузни, а 265 соби со една спална. Најмалата луксузна соба е со површина од 46 метри квадратни.

Прегледи:
457
Објавено на:
13.02.2018