Категории

Во Глазгов ќе се посадат по 10 дрва за секој жител

Планирано е да се засадат 18 милиони дрвја до 2030 година.

Шкотскиот град Глазгов планира да засади по десет дрвја за секој жител на тој град. Целта е да се засадат 18 милиони дрвја до 2030 година, што ќе значи илјада хектари нова шума секоја година. Доколку успеат во тоа, шумската површина во овој град ќе се зголеми за 3%. На галски јазик, Глазгов значи „драго зелено место“.

Тоа е проект наречен „Климска шума Клајд“, кој вклучува засадување дрвја во рурални и урбани средини. Ова ќе овозможи создавање на природен коридор за диви животни, објави организацијата Зелена мрежа. Садењето ќе има повеќе придобивки за животната средина и здравјето на луѓето. Секое дрво може да апсорбира 620 килограми јаглерод диоксид за време на својот животен век, што значи почист воздух. Покрај тоа, дрвјата можат да ја намалат температурата до шест степени во текот на летото, така што престојот во градот ќе биде далеку попријатен. Покрај тоа, дрвјата ќе го намалат ризикот од поплавување.

Прегледи:
556
Објавено на:
23.06.2021