Водата од езерото Маркермер е загадена поради повеќедецениското градење на насипи. Остатоците од земјиштето ја направиле водата темна и матна. Загадената средина влијаела врз бројот на риби кој започнал драстично да опаѓа. Кога виделе дека билките и животните изумреле, одлучиле да преземат нешто.
Дошле до идеја да изградат пет вештачки острови од калта која го предизвикала оштетувањето. Веруваат дека на тој начин ќе создадат услови за опстојување на растителниот и животинскиот свет. И резултатите не изостанале.
Сега, на островите се вратиле преку 30.000 видови птици. Билките се опоравиле и почнале да цветаат, а водата се избистрила. Водата која некогаш била сива и загадена сега е рај за дивите животни.
За потсетување, САД предупредија дека уништувањето на биодиверзитетот претставува закана за опстанокот на човековиот вид. Дури 196 земји ветиле дека ќе учествуваат во спречувањето на глобалното уништување на животинската средина.