Категории

Во Индија пронајдени се фосили од најстарите облици на живот на Земјата

Научници од Индија пронашле прокариотски микрофосили чија старост се проценува на две милијарди години.

Станува збор за фосили од најстариот облик на живот на Земјата.

Овие организми на Земјата се појавиле пред околу 3.5 милијарди години, а се уште не е познато како од нив започнале да се создаваат повеќеклеточни, односно сложени организми.

Откритието било претставено на неодамнешна годишна конференција на индискиот геолошки конгрес во Нагпур.

Прегледи:
340
Објавено на:
27.11.2017