Категории

Во изградба најголемиот хотел во светот со 10.000 соби и 70 ресторани

Екстравантен, огромен, луксузен и скап – Вака се опишува хотелот што се нарекува „најголем во светот“ кој во моментов се гради во Мека, во Саудиска Арабија.

Abraj Kudai, како што се нарекува, е државен хотел, во сопственост на арапското министерство за финансии. Ќе биде составен од 12 кули, а во хотелот ќе има вкупно 10.000 соби, 70 ресторани, 5 хелиодроми.

Хотелот со површина од 1,4 милиони квадратни метри ќе има цели спратови посветени на гости од кралските семејства, кои со приватни хеликоптери ќе може да си заминуваат и доаѓаат директно од нивните апартмани.

Во склоп на хотелот ќе има и огромна сала за настани, конвенции, саеми и други церемонии.

gtdfdtrtr

Хотелот би требало да биде изграден до крајот на 2017-та или пак почетокот на 2018 година, пишува Travel + Leisure.

Прегледи:
601
Објавено на:
29.08.2016