Категории

Во која земја во Европа најмногу се изневерува?

Каде има најмногу неверства? Кои се најчесто користени секс играчки? Кој народ има најмногу секс? Светски научници го објавија “Атлас на сексуалноста” во Европа и светот, во која се наведува дека особено зголемување има кај неверството.
Со користењето на податоци од 1,5 милиони испитаници во пет европски земји, истражувачите дојдоа до заклучок дека Париз е водечки град по неверство во бракот и невенчани заедници.
Во однос на фреквенцијата на сексуалната активност, “латинските заводници” Италијанците не се прославиле – имаат секс само 8,8 пати месечно, што е приближно иста како и кај Шпанците, Белгијците и Словаците.
Некои може да ги изненади фактот дека од Италијанците и Шпанците почесто секс имаат Грците и Хрватите (11,2 пати), Србите и Црногорците (10,7), Бугарите (10,6), Французите и Чесите (на 10), Британците (9.8).
Експертите велат дека неверниците се најчесто високо образовани и 22 отсто од нив работат во банки, финансиски институции и осигурителни компании.
Кога ги прашале зошто неверство, испитаниците одговориле дека сакаат да ја потврдат физичката привлечност.
Во делот за брачни односи, во истражувањето е наведено дека 80 отсто од испитаниците во Грција, Полска и Бразил веруваат дека сексуалните односи се важни за добар брак, додека во Јапонија и Тајланд за тоа размислуваат само 38 проценти.
Секс играчки најмногу се користат во Велика Британија, Норвешка и Шведска, додека во јужниот дел на Европа не се толку популарни.

Прегледи:
279
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.07.2017