Категории

Во моментов се случува најдолгиот непрекинат лет во историјата. Ова се деталите околу летот!

Овој маратонски лет полета од Сингапур и патува до Њујорк 15.000 километри без попатни застанувања за нешто помалку од 19 часа и тоа ќе биде најдолгиот лет во историјата досега.

Двајца пилоти, 13 членови на екипаж, мени за здрава храна и видеотека ќе ги следат патниците на патот долг 16.700 км до Големото Јаболко. Авионот Airbus A350-900ULR (Ultra Long Range) на Airlines со број на лет SQ22 и патниците во него ќе влезат во историјата.

Летот SQ22 ќе превезува 161 патник во бизнис класа и 94 патници во премиум економска класа. Билетот за бизнис класа им обезбедува на патниците два оброци со можност за бирање опции, освежувачки пијалаци и кревет за спиење. Премиум економска класа нуди три оброци и освежувачки пијалаци.

Авионот ќе слета на другата страна на планетата денес во 6 часот наутро во Њујорк (11:00 во Лондон, 18:00 во Сингапур, 12 на пладне во Скопје).

Пилотите ќе се менуваат така што секој ќе има најмалку осум часа одмор за време на летот.