Категории

Во напуштен рудник, направен хотел на 419 метри под земјата!

Рудник којшто датира од 19 век во Велс, е претворен во подземен хотел којшто ќе Ве чини 550 фунти за една вечер.

Хотелот е изграден од компанијата Go Below и самото место не е лесно пристапно.

До хотелот, односно дрвените кабини може да се стигне само со пешачење низ рудникот околку два часа и потоа да се спуштате со јаже.

Местото е на 419 метри под земја и најдлабокото хотелско сместување во светот.

Од компанијата истакнуваат дека ова место не е за оние со слабо срце.

Прегледи:
300
Објавено на:
10.07.2023