Категории

Во недела најавен протест против изградбата на гасоводот на сртот на Водно „Да ги заштитиме белите дробови на Скопје. Биди Воднољубец.“

Spas za Vodno / Спас за Водно повикуваат на протест против уништувањето на белите дробови на Скопје, кој ќе се одржи оваа недела 25-ти март на Водно.

Повеќе граѓански иницијативи се собрани да ја испратат пораката и да превземат активности за зашита на Водно, тие порачуваат „Водно ни треба на сите нас, а на Водно му требаме сега!“

Пораката која сака да се пренесе во недела е „Да за гасоводот, не преку Водно.“, „Стоп за градежни активности во парк шума Водно“ „Нодложно: Парк-шума Водно да добие статус на заштитено подрачје.“

Во настанот на фејсбук се вели „Ние не велиме – НЕ на гасоводот, ние велиме НЕ за трасата на гасоводот преку целата должина на Водно! Кажуваат дека така е најефтино, но дали шумата на Водно и нашето здравје имаат цена? И до кога за сметка на природата и здравјето ќе се гради и ќе се уништува?“

 

Прегледи:
468
Објавено на:
23.03.2018