Категории

ВО НОРВЕШКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРВИТЕ МОСТОВИ ПОД ВОДА ЗА СООБРАЌАЈ

Норвешка започна амбициозен план за да ги изгради првите тунели под вода кои ќе им помогнат на патниците побрзо да ги поминат тесните и длабоки заливи. До сега, единствениот начин за да се поминат било со траект, додека новите тунели би се состоеле од цевки големи 30,4 метри под вода, и секоја од нив ќе биде доволно широка за две линии за сообраќај.

Секој систем на мост ќе се состои од два тунели. И покрај тоа што претставува неконвенционален аранжман, властите велат дека чувстото би било исто како да се вози низ обичен тунел. Во Норвешка веќе има 1 150 сообраќајни тунели низ целата држава, од кои 35 се подводни.

Причината поради којашто не се гради обичен мост, е бидејќи теренот во овој регион не дозволува таква градба. Една од алтернативите за мост била тој да е над водата, но постои голема веројатност тој да се оштети поради времето. Покрај тоа, постои ризик да се судрат со воените бродови кои ја користат водата за обука.

Норвешка планира да потроши 25 милијарди долари за овој проект, кој се очекува да биде готов до 2035 година. Сепак, овој проект претставува вистински предизвик за инженерите, бидејќи за првпат ќе се гради систем кој претходно не постоел.

Прегледи:
591
Објавено на:
26.07.2016