Пред самиот почеток на новата година, Охриѓани упатија прекрасна честитка за децата со ретки болести, поставувајќи новогодишна елка на дното на Охридското Езеро.
„На еден редок и уникатен начин нуркачите на Клуб за подводни дејности Охрид своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка. Во новата 2022 да влеземе со надеж за подобри денови за оваа категорија на дечиња. Попристапност и подостапност на терапијата која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии. Life With Challenges / Живот со Предизвици “– напиша Гордана Лолеска.