Виолета има само 30 години, а толку многу лузни. „Мајка ми се самоуби пиејки отров.“ Лошата маќеа од приказните на Виолета и била реалност: „Кога тие јадеа месо за нас имаше пиперки. Не знам од каде ми е силата…Сопругот од пред две години е неподвижен.“
Ке успее ли екипата од серијалот „Вип на еден ден“ да и ја врати надежта и среќата на оваа жена?
Не постои жена која не сонува за денот на својата свадба уште од мала. Посакува да изгледа прекрасно, да има убава бела венчаница и да биде во друштво на саканата личност и луѓето кои најмногу и значат. Така и Виолета отсекогаш сонувала за тој ден, но никогаш не се случил. Животните околности си поиграле со неа и таа никогаш немала свадба од соништата со убава раскошна венчаница. Но, за среќа Дејан има човек кој ја сака и заедно ги водат битките низ животот.
Покрај сите проблеми, Дејан е неподвижен, а Вики се труди на сите можни начини да му го олесни животот и да му ја врати надежта дека еден ден сѐ ќе биде во ред. Но, во меѓувреме се запоставува себеси, своето здравје и физичкиот изглед.
За среќа, екипата и пријателите на серијалот „Вип на еден ден“ знаат како да го разубават животот на оние на кои тоа им е најпотребно. Во продолжение погледнете ги сите трансформации кои беа направени врз Вики и изненадувањето за нејзиниот сопруг.