Категории

Во овие 5 денови од октомври мора да бидете особено претпазливи

Астролозите откриваат дека во октомври ќе имаме 5 ризични датуми. Доколку се фокусирате на вистинските нешта, може да ги совладате препреките и проблемите на животниот пат. Најважно е да го зачувате оптимизмот и мирот!

Еве кои денови ќе бидат најкритични во октомври 2021 година:

7. октомври – преоѓање на Венера во знакот на Стрелец

Ова е многу важен транзит, но неповолен. Пуштањето на оган воопшто не е она што и е потребно на оваа планета за да се чувства добро. Факт е дека во Венера не постои ниеден дел од овој елемент, па затоа нѐ чека ризичен ден и наредни неколку недели, заклучно со 4. ноември.

Ова ќе биде тежок период за односите со саканата личност. Посебно ќе имаме проблем со енергијата, ќе се чувствуваме безволно и исцрпено.

Пронаоѓањето на заеднички јазик ќе биде многу тешко. Ова ќе биде период полн со предизвици, но ако се потрудите да го зачувате мирот наспроти предизвиците, сѐ може да биде во ред.

9. октомври – Сонцето во конјукција со Меркур

На денешен ден Сонцето ќе биде заедно со друга планета – Меркур. Ова ќе биде внатрешна врска па планетите ќе стојат точно пред нашите ѕвезди. На овој ден астролозите советуваат да не патувате и да заштедите пари. Освен тоа, вреди да се напомене и дека Меркур и Марс исто така ќе бидат во конјукција.

Тоа значи дека на 9. октомври нѐ очекуваат бројни предизвици. Внимателно планирајте го секој потег и не донесувајте непромислени одлуки.

20. октомври – Полна Месечина во Овен

Полната месечина во Овен носи откривање на тајни, разоткривање лица, но и откажување и испуштање од рака вистински можности. Ќе изгубиме мотивација, ќе бидеме мрзеливи и тешко ќе ги исполнуваме дадените ветувања.

Не позајмувајте овие денови ништо и не давајте ништо.

30. октомври – Марс преоѓа во знакот на Шкорпија

Овој транзит ќе биде многу ризичен, а Шкорпијата донесува импулси, силен темперамент и конфликти. Стоиме во место поради стравовите и внатрешните блокади, а она што особено не влече назад е недовербата, љубомората и високото его.

Можни се конфликти со партнерот, борба за надмоќ и натпреварување. Бирајте средства, намалете го егото!

Без обзир на овие денови, октомври има тенденција да биде и романтичен и убав, а оние кои се трпеливи и веруваат во себе и се трудат да зачуваат позитивен став, најлесно ќе се ослободат од препреките.

 

Прегледи:
583
Објавено на:
29.09.2021