Категории

Во овој јапонски хотел гостите ги пречекуваат роботи

Се повеќе и повеќе се зборува за тоа дека еден ден нашите работни места ќе ги превземат роботите. Во овој јапонски хотел ова веќе почна да се случува.

Хотелот Henn na chain, чие име се преведува како „чудно“, е првиот хотел во светот кој наместо персонал има роботи. Затоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Првиот хотел е отворен во 2015 година во Нагасаки. Денес постојат 8 такви хотели низ целата земја.


Гостите во хотелот ги пречекува робот диносаурус. Тој во себе има сензор кој го детектира движењето. Во секоја соба се поставени мини роботи наречени Тапиа кои им помагаат на гостите да менуваат програми или музика. Дури и рибите, кои се наоѓаат во фоајето во аквариуми, работат на батерии, како и кантите за ѓубре кои се автоматизирани.

Менаџерот на хотелот, Јукио Нагаи, смета дека ваков вид на работа се исплати, бидејќи пазарот на трудот се намалува и тешко се наоѓа персонал за хотелот, затоа гостите ги служат роботи.

Прегледи:
625
Објавено на:
20.12.2018