Категории

Во петок го празнуваме летен Свети Јован- еве што треба да се направи во четврток навечер

Во петок се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.
Со Иванден се поврзани многу обичаи, верувања, но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ.
Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иваново цвеќе, коешто го ставаат во ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.
 На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.
Прегледи:
483
Објавено на:
04.07.2017