Познатата хрватска пејачка Северина пред неколку денови беше во Скопје каде што беше дел од промоцијата на најновиот календар на еден македонски бренд во кој главен лик е токму таа.
Пејачката денеска упати честитка до фановите во пресрет на Божиќ, а интересно е тоа што фотографијата е направена токму во нашата метропола, во прегратки на македонски Дедо Мраз.
Северина освен на промоцијата, беше дел и од приватната забава организирана во пресрет на новогодишните празници од истата компанија.