Категории

Во рај одат само оние кои не ги напуштаат своите

Мудрост во неколку редови која се памти цел живот.

Еден човек умрел. Неговото куче легнало покрај него и исто така умрело. Душата на човекот стои пред златните порти, а покрај неа и душата на кучето. Пред нив се појавува вратар.

– Какво е ова место? – запрашал човекот.
– Ов е рај, ти умре. Сега можеш да влезеш и убаво да се одмориш.
– Има ли таму вода?
– Колку сакаш: прекрасни фонтани, чисти базени…

– Ќе има и храна?
– Сѐ што ќе посакаш.
– Но, со мене е и моето куче.

– Извинете, господине на кучињата не им е дозволен влез, – рекол вратарот, покажувајќи ма таблата “Забрането за кучиња”. Мора да го оставите тука.

Човекот ги собрал рамениците, се тргнал од капијата и продолжил понатаму сѐ додека не наишол на друга капија. На неа не пишувало ништо, само на клупата покрај неа седел старец.

– Извинете…
– Јас сум Петар.
– Што има позади оваа врата?
– Рај.
– Може ли да влезам со кучето?
– Секако!

– А каде водеше онаа претходната врата?
– Во пекол.

Рајот е само за оние кои не ги напуштаат своите пријатели.

Прегледи:
467
Објавено на:
06.09.2021