Категории

Во Сахара првпат по речиси 40 години падна снег

Снег падна во африканската пустина Сахара првпат по 37 години, пренесуваат медиумите повикувајќи се на фотографии кои ги испратиле очевидци.

„Сите беа возбудени од снегот во пустината, тоа е многу редок настан“, рекол за британскиот весник The Independent фотографот аматер Карум Пуетата, кој ги направил снимите во алжирскиот град Ајин-Сефра во северниот дел од пустината Сахара. Според него „снегот лежел околу еден ден а потоа започнал да се топи“.

На фотографиите на Бушетата се гледа тенка покривка од снег како прекрива една песочна дина, создавајќи брановидна форма.

Како што истакнува весникот, градот Ајин-Сефар е познат и како „Порта на пустината“. Таму во летно време температурата на воздухот достигнува до 37 Целзиусови степени, додеа во зимите се променливи со пад на температурите и до нулата. Во средата дневната температура изнесувала 11 а ноќната плус 2 степена.

Од друг страна The Telegraph забележува дека ова е втор случај на врнежи од снег во овој дел на Сахара во текот на целиот период кога се водат белешки. Првиот снег во пустината, според весникот, паднал на 18-ти февруари 1979 година.

Извор: Макфакс

Прегледи:
352
Објавено на:
21.12.2016