Пред неколку месеци Nyle DiMarco беше победникот на 22-та сезона на Следниот топ модел на Америка, а сега е победникот на 22-та сезона на Танц со ѕвездите, се чини дека 22 му е среќен број.
27 годишниот имаше повеќе неверојатни настапи, а од епизода до епизода имаше голем напредок со помош на неговата партнерка Peta Murgatroyd. Уште поневеројатен е неговиот успех заради фактот што е глув.
Гледајќи го како ја изведува комплексната кореографија и со каква леснотија го изведува тоа, се заборава фактот дека всушност не слуша ниту една нота од музиката. Иако не е прв глув учесник во шоуто, сепак е прв победник, а мора да признаеме – тоа е сосема заслужено.
I CANT BELIEVE IT! WE WON THE MIRROR BALL!
This is for 70 MILLION Deaf ppl in the world.
PETA, I LOVE YOU.#DWTSpic.twitter.com/cTTO7AX78t— Nyle DiMarco (@NyleDiMarco) May 25, 2016