Категории

Во што е тајната на харизмата – Како да ја поседувате и вие?

Постојат луѓе кои без напор зрачат со доверба и влијание, а ги нарекуваме харизматични луѓе.

До неодамна се мислеше дека харизмата е способност со која човекот се раѓа, меѓутоа денешните истражувања зборуваат за тоа дека харизмата може да се научи. Не морате да бидете нешто претерано екстровертни, физички привлечни или на сила да се обидувате да ја промените својата личност. Доволно е да се водите според поедини правила во животот.

Пред се, морате да се чувствувате добро, а за да се чувствувате добро, важно е да водите грижа за ситниците.
Морате да знаете дека начинот на кој седите, стоите или се движите има силно влијание брз тоа. Ако сакате се чувствувате добро, пред се морате да се движите. Трчајте, скокајте, смејте се, мавтајте со рацете или било што друго кое ќе ви предизвика позитивна енергија.

Освен тоа, важн е пред се да бидете опуштени за да можете да се чувствувате пријатно.
Завземете цврст став, вдишете длабоко и смејте се.
Овие мали вежби се првиот чекор на создавање на темел за движење кон сопствената харизматичност.

Дали сте забележале како некои луѓе завземаат монументални пози во просторот во кој се наоѓаат. Тоа не е ништо друго освен завземање многу простор затоа што на тој начин човек има повеќе можности за создавање харизма.
Освен овие нешта, постојат уште неколку правила кои се клучни во создавањето на личната харизматичност. Ви ги донесуваме во продолжение.

Харизматичните луѓе:
-Го задржуваат вниманието на другата личност
-Им делат комплименти на другите за нешто убаво во врска со нив
-Ја познаваат моќта на доброто ракување и поздравување
-Го држат контактот со очите подолго од останатите луѓе
-Секогаш имаат некои приказни со себе
-Им поставуваат отворени прашања на другите
-Повеќе го користат зборот „вие“ отколку зборот „јас“
-Се фокусираат на одреден аспект од разговорот
-Користат говор на телото
-Не ги прекинуваат другите кога зборуваат
-Користат интонација на гласот
-Започнуваат разговор со странци
-Во просторот секогаш прво ги пропуштаат другите