Категории

Во Словенија е пуштена во употреба првата “фонтана со пиво”!

Повеќе стотина љубители на пивото како и љубопитни надгледувачи, денес се собрале во словенечкото место Залец на отворањето на првата “фонтана со пиво” во Европа, пренесоа словенечките медиуми.

Таа нова атракција којашто пред неколку години ја осмислиле локалните претприемачи, сепак, нема да испушта литри и литри од бесплатно пиво кое посетителите би можеле да го пијат додека имаат волја, туку секој оној којшто ќе плати 6 евра ќе добие специјална чаша со микрочип, во којашто ќе може да си наточи по децилитар пиво од секоја од петте различни славини.

– Нашата цел не е за тука луѓето да се опијат, туку само сакаме да ја промовираме културата за консумирање на пиво, изјавил градоначалникот на Залец, Јанко Кос, додавајќи дека цената којашто ја наплаќаат е крајно конкурентна во однос на цените во другите земји.

– Интересот на луѓето од странство е неверојатен. Луѓето се јавуваат буквално од секаде и ме прашуваат што имаме да понудиме. Тоа секако не може да биде лошо, потенцирал Кос.

Тој и додал дека благодарение на новата фонтана, која е поставена во градскиот парк, Залец ќе се најде и на туристичката мапа на Европа.

Фонтана со пиво? Па тоа дефинитивно не звучи воопшто лошо!

Прегледи:
405
Објавено на:
11.09.2016