Категории

Во староста нема да жалиме што не сме патувале многу…

Во староста нема да жалиме најмногу дека малку сме патувале. Ниту што сме посветиле малку внимание на својот духовен развој. Ниту затоа што лошо сме ги воспитале децата. Ни затоа што не сме и се посветиле на уметноста. Иако може и за тоа да се жали, секако – така пишуваат некои психолози. Кои сѐ уште се далеку од староста.

Разговарав со многу постари луѓе кои потполно го зачувале здравиот разум. Најмногу се жалат што дозволиле дрско да ги искористат. И трпеле навреди, незаслужени и подли.

„Зошто не можев да се спротиставам кога началникот ме присили да извршувам работа за тројца?“ – рече една госпоѓа. А другата се присети на роднините кои дошле кај неа во домот каде што живеела со децата и сопругот. И останале кај неа со недели. Таа чистела, перела, како така треба?

Некој го трпел мажот пијаница. Некој – бескрајните барања на апсолутните странци. Не поради малодушноста или кукавичлук – туку за да не навреди некого, за да не се расправа. Да остане во очите на потрошувачите добар човек.

Најчесто тие се причините поради кои сите жалеле. А на глас размислувале како би живееле денес.

Топла вода пуштале еднаш неделно. А на жената со три деца тогаш и доаѓале сите роднини да се бањаат. И сите се бањале, секако. И немала време да ги избања децата. И после дваесет години, со горчина не се сеќавала на она што го правеле роднините, туку дека немала зборови да ги одбие… Била многу повредена!

Ете поради што ќе жалиме – поради бесцелното и мнепотребно потрошено време, поради напорот и жртвата, поради доброволното ропство. Поради непотребното трпение – кога никој не го ценел тоа.

Така што не треба премногу да трпите. Тогаш ќе имате и сила и време за патување, и за деца, и за внуци и за уметност. И ќе останете здрави. И нема да имате горчина во душата – само треба да научите да велите „не“. И тоа е сѐ. Или само игнорирајте ги бесмислените барања, посветувајќи и се на уметноста, патувањата или одморот. Или воспитувањето на децата…