Категории

Во светот на стартапите: Што е минимален остварлив производ?

Минимален остварлив производ е клучен концепт во светот на стартапите.

Истиот се однесува на основната верзија на производот или услугата коишто содржат доволно карактеристики за да ги задоволат раните клиенти и да обезбедат повратни информации за идниот развој.

Целта на овој продукт е да ги тестира основните претпоставки на бизнис моделот на стартап со минимални ресурси.

Овој пристап им овозможува на стартапите да соберат повратни информации и да ги потврдат своите идеи.

Минималниот продукт ги содржи само основните карактеристики и функционалности без многу сложени работи.

Се развива и лансира за релативно краток период.

Целта е да се добие што побрзо функционална верзија на производот во рацете на корисниците.

На пример, првично Твитер (Икс) беше платформа каде што корисниците можеа да ги ажурираат нивните дневни активности за да сега прерасне во глобална платформа за социјални медиуми каква што ја знаеме денес.

Прегледи:
236
Објавено на:
04.11.2023