Се работи на реконструкција на изложбениот простор во Музеј на град Скопје, и истата треба да заврши до ноември. Скопје ќе добие модерен изложбен простор, по сите светски стандарди.
Финансискиите за реконструкцијата изнесуваат 800.000 евра и се обезбедни со грант од Светската банка.
Музејот е основан во 1949 г, а од 1970 г. е сместен во пренаменетиот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во земјотресот од 1963 г. Делот кој денес е во функција на Музејот располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор.