Во Виетнам беше измерена неверојатно висока температура од над 44 степени целзиусови, а експертите предвидуваат дека ќе биде надмината и оваа бројка поради климатските промени.
Фармерите морале да ја завршат својата работа до 10 часот за да го избегнат неверојатното топло време.
Останатите земји во регионот исто така се соочуваат со екстремно топло време.
Владите претходно се согласија да не дозволуваат порастот на глобалната темперетура да надмине 1,5 степени, но експертите велат дека до 2030 година, тие 1,5 степени нема да можеме да ги спречиме доколку не се преземат сериозни мерки.