Категории

Во животот ќе се заљубиш 3 пати – И секоја љубов ќе те научи на нешто важно

Пред да пораснеш, мораш да се заљубиш 3 пати.

Првиот пат ќе се заљубиш во својот најдобар пријател, ќе го уништиш вашето пријателство засекогаш. Тоа ќе те научи кои се твоите вистински пријатели, и која е тенката линија помеѓу пријателството и нешто повеќе.

Вториот пат ќе се заљубиш во некој кој мислиш дека е совршен. Ќе научиш дека никој всушност не е совршен, и не смееш да дозволиш никој да се однесува спрема тебе на начин на кој не заслужуваш.

Третиот пат ќе се заљубиш во некој кој е ист како тебе. Тој ќе те научи за тоа кој си и што сакаш да бидеш, и како да се носиш со сето тоа. И ќе научиш како да ги разликуваш луѓето кои се грижат за тебе од оние кои те повредиле или се однесувале како да не си важен.

Но најважно од се е тоа дека што ќе научиш дека љубовта е само концепт а не нешто кое може да биде дефинирано, и е различно за секој човек и секој човек ја доживува на различен начин.
И ќе научиш како да ја почитуваш секоја личност и секоја различност на земјата, сфаќајќи на крајот дека се што секој на оваа земја сака – е само да биде сакан.

Прегледи:
394
Објавено на:
01.07.2020