Новата година во ЗОО Скопје започна со среќни вести. Мајката патас и бебето се добри, а Зоолошката градина Скопје се збогати за уште еден член.
„Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите ❤️😁
п.с Ако е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества“, велат од ЗОО Скопје во објавата на нивната фејсбук страница.