Кралскиот брачен пар ја запиша својата ќерка – принцезата Шарлот во приватно училиште во кое една година кошта 20,000 евра, а таму таа пристигна заедно со нив и нејзиниот постар брат – принцот Џорџ.
Училишните денови започнаа и за малечката Шарлот која во мај наполни 4 години, а се чини дека и таа им се израдува. Принцот Вилијам и неговата сопруга војводката Кејт, беа видно расположени додека ги носеа своите деца на првиот училишен ден.
Особено вниманието беше насочено кон војводката која како и секогаш одушеви со својот изглед.
Кејт заблеска во цветен фустан во миди должина и салонки во тегет боја. Целокупниот изглед го заокружи со дискретни обетки и каиш кој ја истакна нејзината витка фигура.
Она што привлече најмногу внимание беше нејзината совршена фризура која како и секогаш изгледаше волуменозно и раскошно.