Категории

Волјата за живот може да направи чуда

Саша е сладок пит бул, која е родена во септември, со расцеп на усните и непцето. Нејзината сопственичка Мари ДеМарко знаела дека ги очекува вистинска борба.

Малото кутре не можело да јаде и сите мислеле дека нема да го преживее ни првиот ден од неговиот живот.

Подоцна, ветеринарите откриле дека кучето Саша страдало и од хидроцефалија (насобирање течности во черепот), инфекција на горниот дел од дишниот систем, инфекција на уринарниот тракт и ортопедски проблеми.

Но, за големо чудо, најтешките 3 месеца поминале. Сега Саша е посилна и дури може да носи и слатки фустанчиња и џемпери за да  биде топло.

Најважниот фактор што придонел за заздравувањето била љубовта со која била опкружена.

Прегледи:
515
Објавено на:
30.12.2017