Категории

Волонтери од Брисел собраа 270.000 филтери од цигари за 3 часа!

Честопати читаме за големиот број на пластични цевки кои завршуваат во морињата и океаните. Но, најновите истражувања покажуваат дека всушност филтерите од цигарите се најштетното загадување за водата.

Цели корпорации, продавачи и неколку синџири на ресторани за храна ја забранија употребата на пластичните цевки. Но, сепак мора да се преземе нешто во врска со најголемите загадувачи – филтерите на цигарите. Кога последен пат сте виделе некој правилно да ја изгаси и фрли цигара? Токму затоа, безброј цигари завршуваат на дното на морињата и океаните.

Индивидуалци и групи започнаа кампањи да се реши овој проблем. Проектот против загадувањето од филтерите на цигарите е фокусиран на носење на забрана за создавање на филтери од целулозен ацетат. Тоа е вид на пластика за чие разградување е потребно да помине една деценија. Произведувачите прават околу 5.6 трилиони цигари со овие филтери. Две третини од овие филтери завршуваат на површината на нашата планета.

Се започна кога истражувачите станаа свесни за опасноста од цигарите. На целулозниот ацетат муе  потребна деценија да се распадне, се сеќавте? Проектот започнал во 1986 година. За 32 години, групите волонтери собрале повеќе од 60 милиони филтери од цигари.

Ѓубрето обично е оставено на плажите, но најчесто завршува во водите преку одводни канали, потоци и реки. Отпадот се распаѓа на мали парчиња, и завршува во стомакот на рибите и другите диви животни. Парчиња од пластика се наоѓаат во 70% од сите морски птици и 30% од морските желки.

Ник Малос, директор на кампањата за отстранување на цигарите од морињата и океаните, вели дека експертите треба да спроведат повеќе истражувања за да го одредат влијанието на филтерите од цигарите. Сите се прашуваме што се случува со ситните парчиња пластичен и друг отпад, и каков е нивниот ефект врз здравјето на луѓето.