Овој колач доста брзо се подготвува, а вкусот ќе го паметите…
Состојки:
За кора:
- 5 јајца
- 125 гр шеќер
- 125 гр брашно
- 50 гр какао
- 1 прашок за пециво
За фил:
- 5 јајца
- 125 гр шеќер
- 200 гр чоколадо
- 250 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 1 замрзнат портокал
- сок од 2 портокали
За глазура:
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици кисела павлака
Подготовка:
Кора:
- Оделете ги белките од жолчките и изматете ги со шеќерот во цврст шлаг. Постепено додавајте ги жолчките без да престанете со матењето.
- Измешајте ги брашното со какаото и прашокот за пециво и полека додајте ги во смесата со јајца. Тркалезниот калап за торта со дијаметар од 24 см обложете го со хартија за печење и истурете ја подготвената смеса во него. Печете во загреана рерна на 200°C околу 30 мин. Оставете ја печената кора да се излади и потоа исечете ја на три дела.
Фил:
- Изматете ги јајцата со шеќерот, ставете ги на пареа, мешајќи постојано, сè додека не се згуснат. Потоа додадете го чоколадото и промешајте додека не се стопи. Тргнете од оган и оставете да се излади.
- Маргаринот изматете го пенасто со шеќерот во прав и измешајте го со изладениот фил од јајца. Додадете го ренданиот замрзнат портокал и добро измешајте.
Завршна постапка:
- Попрскајте ја кората со сокот од портокал. Врз првата кора ставете го половина од филот, па ставете ја другата кора. Нанесете го преостанатиот фил над неа и ставете ја последната кора.
- Растопете ја чоколадата на пареата, додајте ја павлаката и добро измешајте.
- Со добиената глазурата премачкате ја тортата и украсете со рендана кора од портокал.