Категории

Воздушна перница која може да ви ги спаси животите

Љубителите на велосипедите, моторите и скутерите се почестени со иновацијата-воздушна перница, која ќе ги заштити од големите физички повреди при пад од овие превозни средства. Со седиште во Малме, компанијата “Hodving” ја произведе првата воздушна перница, за која се потребни две стотинки за да “одлучи” дали да се активира или не.

Извршниот директор на компанијата, Фредрик Карлинг, изјави дека оваа воздушна перница е сигурна за користење и дека не постои можност за спонтано активирање.

Механизмот се состои од два дела: околувратник и навлака. Околувратникот во кој се наоѓа перницата е направен од водоотпорен материјал, кој не пропушта нечистотија и е многу удобен за носење околу врат.

Навлаката се кине и е лесна за одржување. Достапна е во повеќе бои.

https://www.youtube.com/watch?v=Jmkt6mg7mmM

Прегледи:
457
Објавено на:
16.09.2016