Категории

Вработен во МекДоналдс со Даунов синдром оди во пензија по 32 години успешна работа

Цели 32 години, тој ширел насмевки и радост на посетителите на МекДоналдс и неговото пензионирање на 50-годишна возраст означува крај на една ера за ова општество.

Покрај многубројните стереотипи за луѓето со Даунов синдром, еден од нив е верувањето дека овие луѓе не се способни да водат самостоен живот. Но, Расел О’Грејди ќго докажа сосема спротивното.

Расел поминал нешто повеќе од три децении во ресторанот, пакувајќи кутии за забави, чистејќи и служејќи им на клиентите, и на тој начин прераснал во еден од најпознатите личности во неговиот крај. Според „Дејли меил“, тој дури бил и „најпозната личност во Нортмејд“. Минатиот декември го означил крајот на ерата соблекувајќи ја својата униформата и официјално се повлекувајќи се од функцијата.

„Имаме редовни муштерии кои доаѓаат специјално да го видат Расел во четврток и петок, а и целиот персонал е приврзан за него, така што ќе ни недостасува многу“, изјавила и супервизорката на Мекдоналдс, Кортни Порчел.

50-годишниот Расел одлучил да оди во пензија најмногу поради загриженоста на семејството во врска со здравствените проблеми што доаѓаат со неговата возраст. „Како негово семејство, наша цел е да му најдеме нови активности за да остане здрав и активен во својата заедница“, велат тие. Расел планира да го помине своето пензионирање дружејќи се со пријателите во теретана, дружење со кучињата и ужива во своето омиленото хоби – куглање.