Категории

Вратете се на здравата исхрана со овие 5 совети!

Вратете се на здравата исхрана со овие 5 совети:

1. Исфрлете ги шеќерот и јаглехидратите

Доколку последните неколку дена сте јаделе храна полна со шеќер и јаглехидрати – кои веднаш се претвораат во масти, намалете ја количината. Ќе ви помогнат свежо овошје, ориз или житарици.

2. Пијте повеќе вода

Кога во вашето тело нема доволно вода доаѓа до дехидратација. Треба да пиете 10 до 15 чаши вода дневно.

3. Движете се

Вежбање и тренинг ќе ви помогнат да ја вратите мотивацијата.

4. Внесувајте повеќе протеини

Храна богата со протеини ќе ви помогне да се чувствувате заситено, бидејќи на вашиот стомак му е потребно повеќе време за да ја разложи.

5. Одмор

Кога сме уморни се намалува лачењето на хормонот лептин (кој ни дава чувство на ситост), а се зголемува лачењето на грелинот, хормонот одговорен за прејадување. Ако не спиете доволно, ќе имате дисбаланс на овие хормони, затоа е императив доволно да спиете.

Прегледи:
516
Објавено на:
03.12.2018