Категории

Вредам, не ме понижувај

Човек сум, човек си.
Зошто правиш разлика?
Кога јас сум те понижила за да ме понижуваш и ти?
Дури и да сум најдолна, пак немаш право.
Боли тоа, создава трауми, разочарувања, недоверби.
Од таквите постапки како твоите, луѓето повеќе не се сакаат.
Ти и уште еден мал милион како тебе.
​   Поправи си ја душата, отвори го срцето, не ми го кревај погледот.
​    Биди човек.

Вредниот си ги знае своите недостатоци, ги знае и туѓите и го поминува времето само во пофалба. Не кон себеси, туку кон другите, знае да ги испочитува. Ги пофалува дури и тогаш кога не треба, за да ги поддржи во она што го прават. Го пофалува полусработеното, неквалитетното, неубавото, кичот, шундот, нереалната слава, неквалитетниот труд. Теши кога некој не успеал. Притоа собирајќи негативни енергии и стискајќи се во душата. Потиснувајќи си го оној талент кој можел да го сработи додека другите ги кревал на пиедестал, додека на другите им давал зборови кои можел да си ги зачува за себе и себеси да се поддржи. Нуди помош и ретко ја добива. Вредниот и талентираниот е мета на љубоморни и невредни. Никогаш не знае кога ќе ги сретне, никогаш не знае кога ќе му кажат лага само за да му наштетат. „Да, супер си, ама ова не ти чини, мислам дека нема да ти го примат.“ – кажано неколкупати досега, кажано пречесто досега. Вредниот не е супер, вредниот е реален. Како што го љуби својот талент, така го љуби и туѓиот талент.
​    Но, вистинскиот талент, не испумпанот.

1 2

Прегледи:
737
Објавено на:
12.03.2016