Категории

Времето денес: Облачно со локален дожд и грмежи

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено на југот и на истокот од земјава, најавуваат за среда од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринските температури се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 27 степени.

До четврток ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови, проследени со ретки грмежи. Ќе дува и повремено засилен северен ветер.

Од петок се очекува стабилизација со постепен пораз на дневните температури.

Прегледи:
583
Објавено на:
24.08.2016