Категории

Времето, во кое обично се будите во текот на ноќта, открива што не е во ред со вашето тело

Будењето во текот на ноќта е поврзано со менталната и физичката состојба на човекот, а времето во кое се будите открива што не е во ред со вашето тело.

Пронајдете го времето кога најчесто се будите и дознајте што значи:

23:00 до 1:00: Будење во ова време укажува на тоа дека нешто ве мачи, можеби нешто што сте го кажале или направиле во текот на денот. Во ова време е активен и мочниот меур кој ги разградува мастите во телото, поради што будењето може да биде поврзано со консумирање на премногу нездрава, масна храна.

1:00 до 3:00: Ако вообичаено се будите во ова време, тогаш веројатно се лути, фрустрирани и полни со негативна енергија која ја собиравте во текот на денот. Ова време од ноќта е многу важно за телото, бидејќи тогаш се исфрлаат најактивните отрови, а телото се детоксифицира и регенерира. Исто така, тогаш црниот дроб се ослободува од токсини и создава молекули важни за варење. Ако нешто не е во ред со вашиот црн дроб ќе се будите во ова време.

3:00-05:00: Тагата и болката се можни причини за будење во ова време, ако се работи за духовниот аспект на животот. Од физички причини, можно е да сте ладни додека спиете и процесите во вашето тело не можат да функционираат правилно. Исто така, будењето во ова време може да укаже на проблеми со белите дробови.

5:00-07:00: Во овој период е активно дебелото црево, а токсините кои се филтрирале во текот на ноќта полека го напуштаат телото. Будењето во ова време може да значи дека сте јаделе доцна или имате навика да јадете лоша и нездрава храна.

Прегледи:
606
Објавено на:
14.12.2018