Ако некогаш сте биле во дилема поради недефиниран љубовен однос со партнерот, ви откриваме неколку знаци кои покажуваат дека тој не е спремен за сериозна врска
Некои луѓе повеќе уживаат во несериозни афери, но често е тешко одеднаш да се препознае кој што сака. За среќа, постојат неколку јасни знаци кои го издаваат некој кој не е спремен за озбилна врска. Препознајте го на време за да не завршите со скршено срце..
Ви го кажал тоа и самиот
Кога момчето со кое се гледате не сака сериозна врска, немојте од тоа да барате нешто повеќе и да го терате да се премисли. Тој ве предупредил дека така само ќе го исплашите и оддалечите од себеси.
Ретко комуницирате
Некој кој не е во потрага по сериозна врска нема да има потреба секојдневно да комуницира со вас или да разменува порки. Од друга страна, ако момчето сака да разговара со вас и да ве запознае тоа значи дека е спремен за сериозна врска.
Се сведува на интимен однос
Ако ве бара само во вечерните часови и тоа најчесто на дружење во неговата спална соба, тогаш веројатно е дека ве бара само за односи и ништо повеќе. Ако вие посакувате сериозна врска и тоа не ви одговара, време е да продолжите понатаму.
Не е романтичен
Романтиката е неизбежна на почетокот на сериозната врска, а ако помеѓу вас воопшто ја нема, тоа не е добар знак и навестува дека тој не е во потрага по ништо долгорочно.
Не го поминува своето слободно време со вас
Ако избегнува дружење со вас во викендите, во текот на празниците и другите слободни денови, тоа може да биде еден од јасните показатели дека тој сака да ви даде до знаење дека не сака ништо сериозно со вас.