Категории

Врската можат да ја спасат неколку минути посветеност?

Кога ќе помине фазата на заљубеноста, ентузијазмот и возбудата ги менуваат другите приоритети што може да резултира со монотона рутина. Како да го спречите тоа?

Психологот Белинда Вилијамс вели дека постои едноставен начин да се зачува блискоста. Доволно е секој ден барем 5 минути да се посветите еден на друг.

За заедничките моменти да ви бидат важни во врската не се потребни романтични викенди или патувања. Сѐ што ви треба е да ја искористите секоја можност да ги покажете своите чувства и да ги споделите со својот партнер.

Доволно е да се поздравите наутро, пред да одите на работа, да се прегрнете, да се држете за раце пред да заспиете и слично.

Понекогаш е доволно и на глас да искрено да кажете: „Те сакам“.