Не постои сомнеж дека врската помеѓу мајката и ќерката е нераскинлива. Според едно истражување кое е направено, врската помеѓу мајката и ќерката е најсилна, за разлика од останатите врски помеѓу родителите и децата.
Истражувањето било насочеко кон откривање зошто одредени нарушувања на расположението често се пренесуваат од мајките на своите ќерки. Научниците направиле снимки со магнетна резонанса на 35 здрави семејства. Резултатите покажале дека мајките и ќерките имале слична анатомија кога станува збор за оние делови од мозокот што регулираат емоции.
Со други зборови, мајките и ќерките имаат поголеми шанси да ги разберат нивните емоции и да се поврзат едни со други подобро.